На избори во албанија ќе излезат 15 партии

Централната изборна комисија  во албанија објави листата на политички партии на гласачкото ливче. 15 партии од левицата ќе излезат на изборите на 18 јуни каде нема да ја има опозицијата. Прва е партијата на поранешниот претседател на Албанија, Бамир Топи, а последна Социјалистичката Партија на Еди Рама. Лидерот на Демократската Партија го обвини Рама дека неговата цел е уништување на изборите на 18 јуни и дестабилизација на Албанија. Баша на 80 – от ден од протестите рече дека избори нема да има без опозиција и го повика Рама да се повлече. Утре во Албанија ќе пристигне мисијата на ОСБЕ/ОДИХР која ќе ги набљудува изборите.

Advertisement