Над 9 тони марихуана од Албанија запленети во Грција

Грчките власти во текот на 2017 година заплениле повеќе од 9,3 тони марихуана, која била произведена во Албанија. Дрогата била запленета при обидите да биде внесена во Грција. Албанската телевизија „Топ ченл“, која се повикува на грчки полициски извори, информира дека од година на година расте количината албанска дрога што се запленува во Грција. Според податоци на грчката полиција, во 2о16 година во пограничниот појас на Грција биле запленети 3,5 тони дрога. Грчката полиција информира дека поголем дел од дрогата нелегално се пренесува со добиток, а другиот се складира на одредени места во пограничниот појас за потоа да го презедат шверцерите.

Advertisement