Најмалку 90 загинати во поплавите во Германија, ситуацијата останува драматична

По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 90, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја.

Прекините на електричната енергија и на телефонските линии и натаму го отежнуваат поточниот преглед на ситуацијата во покраините Севера Рајна Вествалија и Рајнланд-Пфалц, кои се најсилно погодени. Опасност освен тоа се заканува најмногу од претекување на акумулациите и попуштање на браните во регионот.

„Ситуацијата останува драматична“, истакна покраинската премиерка на Рајнланд-Пфалц, Малу Драјер во Триер.

Бројот на жртви расте, само во покраината Рајнланд-Пфалц досега загинаа преку 50 луѓе.Спасувањето на луѓето од нивните куќи и станови е тешко, зашто некаде воопшто не постои пристап. „Ситуацијата не е подобрена, ова е огромен предизвик за нашите спасувачки екипи кои работат нон-стоп“, изјави Драјер.

Weltspiegel | Hagen, Deutschland | Unwetter in Nordrhein-WestfalenНевремето остави пустош во Хаген

Од полноќ претекува акумулацијата Рур, која е изградена на реката Рур во регионот на Ахен и Дирен. Со тоа се заканува поплавување на градовите Дирен и Јилих. Се прават напори за подобрување на ситуацијата со ограничување на притоките кон акумулацијата. Слично алармантна е ситуацијата и кај акумулацијата Штајнбах кај Ојскирхен.

Deutschland | Unwetter in HeimbachОпасност од попуштање на браната на акумулацијата на Рур

Во Ерфштат, јужно од Келн, утрово се урнале објекти поради попуштени темели од надојдената вода. Луѓето можеле само делумно да бидат спасени со чамци. Пристапот го отежнува дефектот предизвикан на доводот на гас, кој не може да се санира. Болниците не можат да ја продолжат работата, а морало да биде извршена евакуација и на повеќе старски домови.

Deutschland | Unwetter in SchuldВо Арвајлер преку 1300 лица се водат за исчезнати

Во округот Арвајлер во покраината Рајнланд-Пфалц до утрово  за исчезнати се сметаат преку 1300 луѓе. Мобилната телефонија беше делумно парализирана, па не може да се состави целосна слика на состојбата. Околу 1000 припадници на спасувачките и здравствени екипи се во постојана акција.

Побарана е дополнителна помош од здравствени служби, транспортни претпрјатија, како и од Бундесверот.

Сојузниот министер за внатрешни работи Хорс Зехофер најави опсежна финансиска помош во рок од само неколку дена. Концептот е во изработка со учество на канцеларката и на министерот на финансии Олаф Шолц, рече Зехофер. По последната голема поплава предизвикана од излевање на реките Елба и Дунав во 2013 година, која погоди осум покраини, германската влада формираше фонд за помош од преку осум милијарди евра./www.dw.com

Advertisement