НАТО ја презеде контролата на воздушниот простор на Црна Гора

Министерот за одбрана на Црна Гора, Предраг Бошковиќ, изјави дека контролата на воздушниот простор на државата ќе ја вршат Грција и Италија, кои се членки на Алијансата. Бошковиќ рече во тек е постапка на потпишување технички договор со НАТО, Грција и Италија.

„Грција и Италија ќе вршат ‘ер полисинг’ за Црна Гора, како што веќе работат долги години. Тоа не нè чини ништо“ изјави Бошковиќ. Тој додаде дека Црна Гора имала обврска во рок од шест месеци од пристапувањето во НАТО да усвои договори кои даваат посебен статус на припадниците на Алијансата.

Advertisement