Николов: Не потклекнувајте објавувајте ги вистинското знаме на Македонија и картата со сите 3 дела

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Канада, Бил Николов, на својот Твитер налог ги охрабрува македонците да не потлекнуваат под расистичките притисоци и да ги откријат насилниците кои им се закануваат, онака како што тој тоа во контиуитет го прави и покрај сите закани кои со години ги добива заради користење на вистинските македонски симболи и поради неговата жестока борба за правата на македонците.

Ако некој се жали на фотографија на која што стоите пред мапата на целата поделена Македонија и пред вистинското знаме на Македонија, објавете ја повторно. Не потклекнувајте на расистичкиот притисок насочен против човековите права. Не се извинувајте за вашето постоење туку откријте ги насилниците”- пишува Бил Николов, Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права.

Advertisement