Официјално отворена амбасадата на Јапонија во Македонија (ВИДЕО)

 

Државниот министер за надворешни работи на Јапонија, Казујуки Накане пристигна  во Македонија со цел да присуствува на церемонијата за свечено отворање на Амбасадата на Јапонија во Скопје. Амбасадата на Јапонија во Македонија официјално започна со работа на 1 јануари 2017 година.

За време на настанот г. Накане, заедно со Нејзината Екселенција г-а Кеико Ханеда, Амбасадор на Јапонија во Република Македонија и колегите од амбасадата, ќе им посакаат добредојде на присутните изведувајќи ја церемонијата „кагами бираки – кршење на буре со саке и ќе наздрават за успешно продолжување на билатералните односни помеѓу двете земји. На приемот гостите ќе имаат можност да вкусат и други традиционални пијалаци од Јапонија, како што се вино од сливи умешу и јапонско фино виски.

За време на дводневната посета, министерот Накане ќе оствари средба со заменик-министерката  за надворешни работи на Република Македонија. Тој воедно ќе има можност да се сретне и со Претседателот на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија, Претседател на Собранието на Република Македонија.

Advertisement