ОМД Статија во Фокс Нуз: Вистинската приказна за Република Македонија

 

Американската Телевизија Фокс Нуз Објави Статијата од Претседателот на Обединета Македонска Дијаспора Методија А. Колоски со наслов “Вистинската приказна за Република Македонија.” Кликнете овде за линк од статијата.

Во име на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), реагирам на неодамнешните политички махинации кои произлегоа од Албанија постигнувајќи се, освен пријатна мелодија низ нејзината граница со Република Македонија.

Прво и основно, Џовалин Шкуртај – академик при Академијата на науки на Албанија неодамна напиша крајно дезинформативна и понижувачка колумна за Македонија. Колумната изобилува со лажни информации, како и погрдна реторика со цел делегитимизирање на Македонија. Колумната посочува кон Македонија како непостоечка или “Измислена држава“. Како член на Академијата на науки на Албанија, писателот треба да знае дека сите нации-држави – вклучувајќи ја и Албанија – се вештачки конструкции на различни степен. Навредливите коментари на г-дин Шкуртај посочуваат кон неговата единствена цел – понатамошно разгорување на огнот за етничка поделба.

Г-дин Шкуртај, етнички Албанец, исто така, во неколку наврати тврди дека албанското малцинство во Македонија го сочинува повеќе од 25 проценти од населението. Сепак, скорешни факти за поддршка на тоа тврдење, не постојат. Последниот попис во Република Македонија беше спроведен во 2002 година. Понатаму, врз основа на официјални владини регистри од социјално здравствениот систем, околу 17 проценти од регистрираните се идентификувале себеси од албанска националност што е далеку од 25 проценти.

Г-дин Шкуртај исто така свесно ги користи веќе повлечените изјави на американскиот конгресмен Дана Рохрабакер и покрај фактот дека конгресменот издаде соопштение за медиумите на 21 февруари, 2017 година, во кое меѓу другото, тој вели дека “Неодамна согледав дека некој од тие искази погрешно ја пренесле мојата намера. Оваа изјава го појаснува мојот став. Македонија е легитимна држава со право на самоопределување и почитување на границите.”

Второ, албанскиот премиер Еди Рама се закани дека ќе стави вето на членството на Македонија во НАТО – Македонија, земјата која заедно со Хрватска и помогна на Албанија, кога таа критички заостануваше во однос на сопствените аспирации за членство во НАТО.

И покрај фактот дека, во 2013 година, г-дин Рама ги призна целосно човековите права на етничките Албанци во Македонија, спротивно на тоа Албанија не го направи истото за правата на своето етничко македонско малцинство. Можеби г-дин Рама треба да се потсети дека, додека политичките ветрови може да се променат, соседите остануваат исти, но нема да заборават. Во тој случај, зошто албанските лидери ги користат моменталните внатрешни предизвици на Република Македонија како можност за креирање на дополнителни проблеми?

Од моја гледна точка, поради неколку опции.

Прво, според нивните изјави, нивна крајна цел е да создадат голема Албанија, на сметка на Македонија и останатите балкански соседи.

Во таа смисла, неоснован и перфиден беше состанокот одржан во декември, во Тирана (само два дена по изборите во Македонија), на кој учествуваа етничките албански лидерите на политичките партии од Македонија и албанскиот премиер Рама, што го поддржува ставот дека Албанија се меша во внатрешните работи на соседната држава за свои долгорочни иредентистички цели.

Второ, можеби г-дин Рама и неговиот тим наиде на погодна шанса да го одвлече вниманието на гласачите на сопствената земја со посочување на проблеми преку нејзините граници во Македонија. Или, пак, можеби и двете од овие причини се објаснување на Тиранските провокации.

Во секој случај, препорачувам г-дин Рама и неговите пропагандисти да се однесуваат одговорно и чесно, бидејќи нестабилноста не знае за граници и не дискриминира. . . исто така и добро да се потсетат на не толку далечното минато кога Албанија се соочи со сопствените политички и етнички демони и беше на работ на распаѓањ

Advertisement