Опозиција реши да ги бојкотира јунските избори во Албанија

Демократската партија предводено од Љуљзим Баша со претставници на другите опозициски партии, донеса конечна одлука опозицијата да не учествува на парламентарните избори закажани за 18 јуни. На овој начин потврдуваме дека нема да учествуваме на изборите без реализирање на нашите барања за техничка влада, која ќе спроведе слободни и фер избори, стои во соопштението од средбата. На состанокот е решено и опозицијата да органзира „масовен сенационален протест“ во Каваја, со цел да се блокираат делумните локални избори во овој град.

Протестот ќе биде одржан на 7 мај, кога во овој град се одржуваат делумни локални избори, откако градоначалникот на Каваја беше обинет за криминал. Опозицијата ги бојкотира овие избори. По протестот во Тирана од 18 февруари, опозицијата најавува дека оној во Каваја ќе биде уште помасовен. Со соопштението, исто така, се наведува дека шаторите што се поставени пред Владата во Тирана по протестниот митнинг на 18 февруари и каде секојденвно има по најмалку илјада демонстранти, ќе останат и натаму.

Инаку, опозицијата ја бојкотира и работата на Парламентот, со што е закочено донесувањето на важните закони од сферата на правосудството, чие усвојување е услов за започнување на преговорите за членство во ЕУ.

 

Advertisement