Отпечатена брошура за Македонците во Албанија и Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Од печат излезе брошура за Македонците во Албанија и Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Во брошурата се сместени куси информаци за Македонците во Албанија и Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Таа е тројазична и е отпечатена на македонски, албански и англиски јазик. Со оглед на фактот што ваква брошура излегува за прв пат а особено што е тројазична, очекуваме дека секој заинтересиран за темата која се обработува во неа, ќе ги најаде најосновите информаци,-изјави за Македонски весник “Илинден” уредникот на изданието Никола Ѓурѓај. Брошурата, посочува Ѓурѓај, која е отпечатена во 400 примероци ќе се дели бесплатно низ цела територија на Албанија како и во татковината Република Македонија и меѓу дијаспората во светот.

Advertisement