Oтворена изложбата „Охридски филиграни” во Софија

Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности, синоќа во Софија беше отворена изложбата „Охридски филиграни”. Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Република Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Република Македонија, Васко Шутаров.