Кандидатот на (МАЕИ) и Кандидатот на (LSI) во областа на Корча добиваат поддршка од жителите на општина Пустец (ВИДЕО)

 

Кандидатот на Социјалистичкото движење за интеграција (LSI) во областа на Корча, Едмонд Панарити, исто така, министер за земјоделство на Албанија, заедно со Васил Стерјовски, кандидатот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на листата на Социјалистичкото движење за интеграција (LSI) заедно со градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко има средби, низ селата на општина Пустец, каде се запознаа со проблемите на земјоделците. Министерот за земјоделство, Панарити оствари средба со земјоделците во село Леска, Општина Пустец, каде што разговараше за проблемите и грижите на локалните фармери.

Во фокусот на разговорите беше недостаток на наводнување, што е голем проблем за оваа област. Според Панарити земјоделците на Леска се добро насочени во однос на одгледување на земјоделски култури во овоштарници, во согласност со барањата на пазарот, но посебно внимание ќе се посвети на системот за наводнување, бидејќи со години оваа област, иако го има Преспанското Езеро во непосредна близина на земјоделско земјиште, жителите не успеваат да го користат поради недостаток на средства во системот за наводнување. Министерот им гарантира на земјоделците итно решавање на нивните проблеми во овој поглед. Од друга страна, пак, самите земјоделци изјавија дека главната приходи за нивните семејства се обезбедуваат од земјоделството и гарантирањето на систем за наводнување ќе им помогне во подобрување на квалитетот со што се обезбедува олеснување во нивната работа.

” Следниот состанок беше во селото Глобочени, селото на Стерјо Спасе, истакнат писател во Албанија од македонско потекло. Повеќе од 300 жители живеат со одгледување на лековити растенија, како што се чајот, печурки, но, исто така, и од риболовот. На состанокот со локалните жители и здружението за собирање лековити растенија, министерот за земјоделство се запозна со проблемите на жителите. Недостаток на собирен пункт е еден од проблемите на жителите на селото Глобочени и општина Пустец. Министерот за земјоделие, Едмонд Панарити договори следната недела да дојдат преставници од една голема компанија од Тирана која откупува билки и да отвори собирен пункт каде ќе се откупува чајот и други билки во Мала Преспa Подоцна, агендата на Панарити продолжи и во други области, посебно во селото Горица. Дел од жителите на ова село во општина Пустец живеат со земјоделство. Со години, оваа област обезбедува приход од земјоделството, додека патуваат километри за да го продадат млекото во Корчанските села, поради недостаток на бачило. Тие побараа од министерот обезбедување на таква инвестиција за преработка на млеко и млечните производи.

Од своја страна, министерот Панарити потврди дека за кратко време ќе стане можна инвестиција во бачило. Во селото Туминец, министерот Панарите се сретна со рибарите и со членови на здружението на риболовци на општина Пустец каде се запозна со нивните проблеми. На сите овие средби, Панарити истакна дека Социјалистичкото движење за интеграција има одлична програма и многу практична за развој на земјоделството. како еден од главните столбови на економијата. “Тоа е причината зошто ние одлучивме дека во следните четири години, ќе го зголемиме за 5-ет пати буџетот за земјоделството со цел значително да се зголемат субвенциите за земјоделството ” – истакна Панарити.

Министерот Панарити, исто така, ја поздрави и коалицијата помеѓу Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и Социјалистичкото движење за интеграција (LSI), според кого овој договор за коалициа ќе ги интегрира Македонците во сите албански институции на централно и локално ниво. Кандидатот за пратеник од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на листата на Социјалистичкото движење за интеграција (LSI), Васил Стерјовски побара од Македонците на 25 јуни масовно да гласаат за Социјалистичкото движење за интеграција (LSI) со кој Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција.

“Ја барам максималната подршка од моите сонародници бидејќи овој договор со Солијалистичкото движење за интеграција е една гаранција за интеграција на Македонците во сите институции во Република Албанија. Но, исто така, тоа што е најважно, освен што ќе можиме да се интегрираме, ние ќе можеме областите каде што традиционално живеат Македонците да ги развиеме пред се на економски план, бидејќи нашиот договор за коалицирање со Солијалистичкото движење за интеграција предвидува конкретни инвестиции во инфраструктурата, во водоводи, канализации и образование.”- истакна Стерјовски.

 

Advertisement