Паскал Миљо: Ѓерѓ Кастриоти Скендербег се борел за одбрана на христијанството (ВИДЕО)

Познатиот албански професор, историчар и поранешен шеф на албанската дипломатија, Паскал Миљо тврди дека Скедербег бил Славјанин (Македонец) оти семејството било Македонско. Гостувајќи во телевизиска емисија посветена на 550 годишнината од смртта на Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, Миљо додаде дека мајката на Скендербег е Славјанка (Македонка) и оти тој се родил како православен. Мајката на Скендербег е Македонка. Зошто тоа треба да не иритира? Вистина е дека тој се родил како православен. Нашите поранешни претци, Скендербег, Арбр, немале исторски расправии, како што имало во подоцнежните векови, ги женеле своите деца едни со други -изјави Миљо.

Посочи дека имињата на децата на Ѓон Кастриот биле словенски. Сакале или не треба да прифатиме дека не е случајно имињата да се словенски. Нашата јавност треба да знае дека Скендербег самиот рекол дека е воин за заштита на христијанството. Ова не го велиме ние туку тоа го кажале исторчари пред многу векови,-додава Миљо. Професор доктор Миљо порачува до „Католиците и неуките националисти“дека не треба да се мачат од овие факти. Ѓерѓ Кастриоти Скендербег војувал за Албанија и за Косово, туку за крстот и словенските провинции. – констатира тој.

 

Advertisement