Патиштата меѓу селата во областа Голо Брдо се исчистија со булдожерот донација од македонската влада

Снежните намети што деновиве го зафатија регионот на Голо Брдо предизвикаа прекин во сообраќајот, оставајќи отсечени повеќе села. Но, за разлика од минатите години, ситуацијата оваа година е поинаква, објави македонската амбасада во Тирана.

Тоа благодарение на градежната машина за чистење на снегот, донација од македонската влада, која, како што се оценува,  ја добиле во вистинско време.

Имено, административната единица Требиште на чие чело е администраторот Едмонд Османи го ставија во употреба булдожерот дониран од Владата на Македонија и започнаа со расчистување на снежните наноси на патиштата меѓу селата, стои во објавата на амбасадата.

Премиерот Димитар Ковачевски на претставници на Требиште во август  освен градежната машина за чистење на снегот им донираше и светилки за улично осветлување, во вредност од милион денари.

Како што тогаш кажа Ковачевски со тоа се реализирало уште едно барање од заедничкиот договор на Македонците од оваа област со Владата  и оти корист ќе имаат сите населени места.

Османи, со ангажирање на вработените во административната единица најпрво од големите наноси на снег исчистен е патот Требиште- граничен премин Џепиште, кај Дебар.

Потоа се продолжило со чистење на патиштата со кои другите населени места се поврзани со Требиште, седиште на административната единица. Македонците во оваа област веќе три дена се без електрична енергија.