Поголема фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо

Поголема фреквенција на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, така изминатиот викенд на влез во нашата земја регистрирани се 4330, а на излез 3812 патници.

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, кој е од локален карактер и работи од 8 до 20 часот, во период од први до 21 јули на влез во Македонија регистрирани се 1.227 патници, што е за 143 патници повеќе, додека на излез 1.225 патници или за 166 патници повеќе. Последниот викенд на овој премин на влез на македонска територија евидентирани се 202 патника, а на излез 206 патници, нагласуваат од МВР.

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо се зголемува, последните денови од овој и првите денови од идниот месец и поради масовното доаѓање во родните места на иселениците од дебарскиот регион и областа Голо Брдо.