Пораст на црниот биланс во Албанија, бројот на загинати достигна 15 и 600 се повредени

 

Најмалку 15 луѓе загинаа, а околу 600 се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија. Најновите податоци за жртвите ги објави албанското Министерство за одбрана, откако се пронајдени телата на уште пет жртви. Министерството за здравство соопшти дека се повредени околу 600 луѓе, а дел од нив се во тешка состојба. Околу 400 војници поставуваат шатори во два града за да ги сместат луѓето чии домови се оштетени.

Advertisement