Повеќе анкети покажуваат дека 45 насто од граѓаните не покажуваат интерес за гласање во Албанија

Граѓанскиот форум,кого го сочинуваат група интелектуалции, побараа од албанските граѓани масовно да излезат на неделните парламентарни избори и да гласаат според сопственото убедување. Ова следува по објавените резултати од повеќе анкети кои покажуваат дека дури 45 насто од граѓаните, со право на глас, не покажуваат интерес да излезат на гласање.

Поранешниот албански претседател,кој е дел од овој форум, Алфред Моисиу,оцени дека владее клима на недоверба кон политичарите,но оти за нивната работа треба да им се  суди со глас. Не правете грешка да не одите да гласате. Со тоа повеќе ќе ја влошите ситуацијата . На тој начин ќе ги оставиме слободни рацете на оние кои повеќе мислеле за себе, отколку за народот. Така себе си ќе си поставиме најтежок товар наспроти иднината на нашите деца,внуци,правнуци,-изјави Моисиу. Парламентарните избори,на кои ќе учествуваат 18 политички субјекти ќе се одржат  во недела, 25 јуни.