Преспанското езеро кај Пустец, Мала Преспа порибено со 300 илјади парчиња подмладок на крап 

Водите на Преспанско езеро село Пустец, општина  Мала Преспа на 12.10.2019 година  беа збогатено со 300 илјади парчиња подмладок на крап, соопштија од општина Пустец. Од година во година се зголемува количината на подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска е рекордна бројка.

Тоа е резултат на нашата посветеност за збогатување на рибниот фонд, изјавил Бленди Чучи, министер за земјоделство и рурален развој, кој одблиску го следел чинот на порибување аи самиот учествувал во него. Се пофалил дека во однос на количината подмладок на пастрмка со која е порибено езерото „ е далеку од количната со која нашите македонски соседи порибуваат од нивна страна“.

Министерот Чучи најавил засилени мерки за заштита на рибниот фонд, пред се ригорозни казни за оние кои на недозволен начин ќе ловат риба.

Advertisement