По повод почетокот на новата учебна 2019/2020 година вчера го посетив основното училиште „Отпорот на Горичени” во Долна Горица, општина Пустец. На учениците и наставниците им ја честитав новата учебна година и им посакав успех во совладувањето на новите знаења. На учениците од прво до четврто одделение во двете основни училишта „Отпорот на Горичени” во Долна Горица и  „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” во Пустец им подарив учебници по македонски јазик, математика и по природни науки на македонски јазик, изјави за Македонски весник “Илинден” Стерјовски.

Посочи дека според законската регулатива во Албанија, образовниот процес во општина Пустец, каде што живее признато македонско малцинство, 60 отсто од наставата треба да се одвива на македонски јазик.

Но, иако така стои во законот тоа не се реализира поради недостиг на учебници на македонски јазик за предметите за кои е предвидено наставата да се одржува на македонски јазик.Затоа одлучив колку толку да помогнам овие деца да учат од учебници на македонски јазик, додаде Стерјовски.

Во општина Пустец основно и средно образование следат 155 ученици, од кои 125 се основци, а 30 гимназијалци.