Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средба со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 20. 01. 2023 година во Собранието на Република Македонија оствари средба со Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и Потпреседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Александар Николоски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше г-дин  Николоски, за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија и за одредени иницијативи кои што може да се покренат во Собранието.

Пред се се разговара околу целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо кој што е потребен за да можат полесно да комуницираат луѓето од двете страни на границата. Потребно е македонската влада да даде поголема поддршка на активностите кои ги имаат Македонците во Република Албанија преку програмите кои ги има МНР пред се за Македонците кои живеат во соседните држави.

Низ дискусијата г-дин Александар Николоски, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Секако, во опсегот на надлежностите, искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Advertisement