Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на Република Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на 24.12.2018 година во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Амбасадорот, Данчо Марковски. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информираше амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Република Албанија. Воедно, Марковски беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија.

Низ дискусијата, Амбасадорот на Република Македонија во Албанија Данчо Марковски, покажа исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија. Со надеж дека Амбасадорот Марковски сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.