Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана во посета во Институт за старословенска култура – Прилеп

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 21.03.2018 година во Прилеп Република Македонија, го посети Институт за старословенска култура – Прилеп. Во оваа пригода, вработените од овој Институт беа запознати со најновите активности на Друштвото, а беше истакната и потребата од соработка на полето на размена на сознанија и информации кои се однесуваат на Македонците во Албанија. Македонско друштво ”Илинден”- Тирана во оваа прилика донираше, за библотеката на Институт за старословенска култура – Прилеп, дел од своите изданија.

Тука пред се, беше донирана колекција од сите броеви на Македонскиот весник Илинден кој се издава веќе седум години, како и други публикаци на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана. Соговорниците беа согласни дека треба да се прошири соработката меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Институт за Старословенска култура – Прилеп, а за таа цел треба да поногнал и соодветните државни институции во Република Македонија.

Со зголем број на истражувања, од страна на македонските научници во пределите каде живеат Македонци во Република Албанија, ќе бидат зачувани и овековечени македонските корени на населението, нивната традиција и историја. Со верба дека ваквите средби нема да бидат инцидентни, Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, посака плодна и долготрајна соработка со Институт за Старословенска култура – Прилеп

Advertisement