Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај учествува на Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), што ќе се одржи во Печ, Унгарија од 7 до 10 септември 2023 година. Присутни се околу 200 учесници од 26 земји и 50 организации членки на ФУЕН ќе разменат мислења за актуелните случувања во политиката на малцинствата.
Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај за време на конгресот освари средби со Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент, г-дин Томислав Жигманов, Министер за човекови и малцински права и социјален дијалог на Република Србија, г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности. Исто така, имаше средба со Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција, г-дин Маринко Цулафиц, Претседателот на Заедницата на Црногорците во Република Албанија, г-ѓа Наталиа Ермаков, Претседателка на Естонски сојуз на национални малцинства и г-дин Петар Туран, преставник на Хрватски центар во Виена, Австрија
Г-дин Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европски националности и пратеник во Европскиот Парламент
Г-дин Томислав Жигманов, Министер за човекови и малцински права и социјален дијалог на Република Србија
Г-дин Наби Ибраимтзик потпретседател на Федералната унија на европски националности
Г-ѓа Евгенија Нацулиду, преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Република Грција
Г-дин Маринко Цулафиц, Претседателот на Заедницата на Црногорците во Република Албанија
Г-ѓа Наталиа Ермаков Преседател на Естонски сојуз на национални малцинства
Г-дин Петар Туран, преставник на Хрватски центар во Виена, Австрија