Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана освари средба со градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски

Претседатлот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 13.02.2020 оствари средба со Пали Колефски Градоначалник на Општина Пустец го запознал својот соговорник со работата и моментните активности на друштвото во правец на заштита и унапрдување на правата на припадниците на Македонците во Албанија.

Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македоцните во областа Мала Преспа. Ветив дека македонското друштво „Илинден“-Тирана со искуството што го има со меѓународните организации ќе помогне за подобрување на условите во областа,- рече Ѓурѓај. Додава дека е договорена поголема соработка на друштвото и локалната власт а од страна на Колефски бил запознат со прокетите кои општината ќе ги реалзира за подобрување на условите за живот во оваа областа Мала Преспа.

Advertisement