Претседателот на Република Македонија ги прими учесниците на 48-то издание на  „Златно славејче”

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, ги прими учесниците на 48-то издание на фестивалот за детски песни „Златно славејче”, што се одржува под негово покровителство. Македонскиот претседател упати честитки за успешната организација на фестивалот, што годинава се одржува од 16 до 19 ноември, истакнувајќи дека Македонија е горда што го има “Златно славејче”.

Првото издание на фестивалот „Златно славејче” се одржал во 1970 година, во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Град Скопје. Оттогаш се одржува традиционално, веќе 48 години, во рамки на одбележувањето на денот на ослободувањето на градот Скопје, 13-ти ноември.