Претседателот на Република Македонија, Иванов освари средба министер за надворешни работи Димитров

 

На средбата, министерот Димитров усно информираше за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ. Претседателот Иванов на средбата истакна дека непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори, целиот процес наликува на личен договор меѓу двајцата премиери.

„Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес“, рече македонскиот претседател.

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов подвлече дека склучување на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Advertisement