Претседателот на Владата на Република Македонија го прими министерот за Европа и надворешни работи на Албанија

Во пресрет на утрешната, официјална посета на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за надорешни работи Никола Димитров, се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста.

Двајцата соговорници, Претседателот на Владата на Република Македонија Заев и министерот за надворешни работи на Република Албанија Бушати, разменија и мислења околу состојбите во регионот и перспективите за негово интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

Advertisement