Претставникот на македонското национално малцинство во Државниот комитет за малцинства во Албанија освари средба со директорот на Македонската радио телевизија

 

Националнaта радио телевизија на албанија РТШ-2, ќе започне со емитување на емисии на јазиците на малцинствата во кои покрај Вести, ќе се емитуваат и документарни емисии, музика, репортажи, образовни емисии, серии со кои ќе се промовираат и ќе се афирмираат културата, обичаите, традицијата и сите останати вредности на малцинстват во Албанија. Претставникот на македонското национално малцинство во Државниот комитет за малцинства во Албанија, Нико Китани денеска во Македонската радио телевизија – МРТ, остварив средба со Директорот на првиот програмски сервис на МТВ-1,  Диме Ратајковски со кој што разговарав за понатамошната соработка на Редакцијата за емисиите на македонски јазик при Националната телевизија на албанија и Македонската радио телевизија. Директорот Ратајковски потврди дека МРТ е подготвена да соработува и вети дека во иднина ќе има помош и подршка од страна на МРТ. 

Advertisement