Протестите ескалираат секој ден блокади во Албанија

Опозицијата во Албанија почнува со блокади на патиштата еден час дневно, со што влегува во нова фаза на протестите против Еди Рама. Тој одби да ги прифати условите на лидерот на албанската опозициска демократска партија, Љуљзим Баша за слободни и фер избори.

Еди Рама ги повика граѓаните да не се приклучуваат на протестите, со образложение дека тие ќе го блокираат патот кон Европската унија. Демократската партија побара од Рама да се повлече и да дозволи да биде формирана техничка влада што ќе ги подготви парламентарните избори закажани за 18-ти Јуни. Рама рече дека ќе ги одржи изборите дури и главната опозициска демократска партија да ги бојкотира.

 

Advertisement