Првите македонски учебници ги напишал Партенија Зографски (Галичник 1818 – 1876 Истанбул)

 

Партенија Зографски (Галичник1818 – Цариград, денешен Истанбул на 7 февруари 1876) бил првиот македонски епископ хиротонисан од Цариградската Патријаршија. Истовремено, тој е и учебникар, филолог, фолклорист – еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19. век во Македонија. Тој бил еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век во Македонија, филолог, фолклорист и прв македонски митрополит. Неговите дела (два учебника и многубројни научни статии) се темелите на граматиката на македонскиот јазик.

Познато е дека го застапувал гледиштето да се направи еден „општ“ бугарско-македонски литературен јазик. Но, сметал дека не може и не смее да се наметне источнобугарското наречје за заеднички јазик за него тоа било „безумно и несправедливо“, туку, напротив, за основа требало да се земе наречјето од „југозападните страни на Македонија“. Тоа наречје, според него, било „пополнозвучно, помазно, постројно и во многу нешта пополно и побогато“.

Партенија му бил ученик на Димитар Миладинов во Охрид, потоа се школувал во Духовната академија во Одеса, Кипријанскиот манастир во Молдавија, Киевската семинарија, а од 1846 до 1850 години бил редовен студент во Духовната академија во Москва. Бил полиглот, знаел грчки, латински, хебрејски, старохалдејски, француски, руски и бугарски. Партенија Зографски бил еден од најобразованите луѓе на своето време.

Ноќта меѓу 19 и 20 февруари 1876 година, на денот на Св. Партениј Лампсакиски, се упокои во Цариград, каде што и денес се наоѓа неговиот гроб во дворот на Железната црква „Свети Стефан“.

Advertisement