Путин на Божик го посети гробот на Свети Јован Крстител во Сирија 

Претседателот на Русија Владимир Путин заедно со сирискиот лидер Башар ел Асад прошета низ улиците на Стариот Дамск и влезе во историската џамија, а на православната црква и подари икона, соопшти прес – службата на сирискиот претседател Башар ел Асад. Путин, меѓудругото, го посети и гробот на Свети Јован Крстител во Дамаск. Претседателот го следеа министерите за одбрана на двете земји Сергеј Шојгу и Али Ајуб.

Путин го посети центарот на градот и Умејадската (Голема) џамија, каде ја виде гробницата на Свети Јован Крстител. Претседателот исто така се потпиша во книгата за впечатоци. Портпаролот на Кремаљ Дмитриј Песков наведе дека Путин на Големата џамија и подари Куран од XVII век.

Рускиот лидер ја посети и Соборната црква Девица Марија во христијанскиот кварт на Дамск, најстарото христијанско светилиште во главниот град на Сирија, и им подари икона од Богородица. Путин во таа црква се сретна со патријархот антиохиски и на целиот Исток Јован Х. „Во текот на разговорите со Путин, патријархот нагласи дека во Сирија различните вери – христијани и муслимани – мирно коегзистираат и уживаат апсолутно исти права“, истакна портпаролот на рускиот лидер.

Претходно Песков соопшти дека претседателот на Русија дошол во посета на Дамаск, каде се состанал со претседателот на Сирија Башар ел Асад. Безбедноста во текот на доаѓањето на рускиот претседател на Дамаск ја осигурија руските воени авиони „сухои“./www.sitel.com.mk

Advertisement