Работна средба на Македонската академија на науките и уметностите и Албанската академија на науките и уметностите во Охрид

 

Македонската академија на науките и уметностите и Албанската академија на науките и уметностите, од напролет, ќе почнат да реализираат неколку значајни, заеднички, научно – истражувачки проекти, од кои два се издвојуваат како непосредни од аспект на интересите и потребите на граѓаните од двете земји.

Првиот е поврзан со заштитата на културното наследство и биодиверзитетот на Охридското Езеро и природниот басен, а вториот од областа на компаративната книжевност: Коста Рацин, во македонската  книжевнос и Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени), писател со македонско потекло во албанската книжевнос. 

Ова, може да се издвои како основен заклучок од работната средба, што се одржа викендов, на групата на Македонската академија на науките и уметностите, предводена од претседателот, академик, Таки Фити и на Албансаката академија на науките и уметностите, предводена од заменик-претседателот, академик Васил Толе. Договорено е, работнаите групи за проектот: ,, Милош Ѓерѓ Никола (Миѓени) и Кочо Рацин – поетска паралела на двајца социјални поети’’, да ги предводат, академик Луан Старова и Академик Синан Шабани.