Рама: Најави длабоки реформи во албанското МВР

 

Премиерот Еди Рама најави чиститки во полицијата, истакнувајќи дека акциите кои ги презеде полицијата во градот Елбасан, околу пресметката со инволвираните полициски работници во криминални дејствија ќе продолжи.

,,Има податоци дека има полициски структури кои се поврзани со криминогени банди во Елбасан, но и други градови, и чистката во полицијата ќе биде максимална“ рече Рама, во својот говор во Собранието, каде се расправа околу последните случувања во Елбасан каде подолг период дивеат одредени криминални банди. Владата најави длабоки реформи во полицијата и во албанското МВР во целина.

Advertisement