Рама: Очекувам Албанија годинава да ги почне преговорите со ЕУ

Еди Рама е убеден дека Албанија годинава ќе ги почне преговорите за членство во Европската унија. Ние немаме друга алтернатива. Очекуваме преговорите со ЕУ да ги почнеме оваа година. Но,нема да се изненадам и ако не ги почнеме. Не дека не ги исполнивме домашните задачи, туку затоа што не може многу да се потприме на ЕУ кога станува збор за соработката со земји како што е Албанија. Сепак, на крајот на краиштата она што мислам дека е значајно е дека ние ќе продолжиме во оваа насока и со оваа визија во правец кон ЕУ, бидејќи ние сме најевроцентрична држава во регионот, изјави Рама во интервју за телевизијата „Франс 24”.

Тој оцени дека за некого Европа е обичен финансиер, додека за Албанија таа е најстабилен проект на мирот. ЕУ е всушност она што не одржува кога станува збор за нашата инспирација. Доколку ЕУ се оддалечи од сништата што ние ги имаме, тогаш ќе разгледаме други алтернативи што ќе се појават, посочи Рама. Тој се пофалил и дека албанската економија бележи раст и оти е забележан голем успех во борбата против одгледувањето на марихуната, кое според него, забележало драматично намалување.

Advertisement