Рама прогласи победа, ќе се слави во центарот на Тирана

Пребројувањето на гласовите од неделните парламентарни избори во Албанија е при крај а лидерот на Социјалиситичката партија Еди Рама, преку објава на Фејсбук, веќе прогласи победа со „ до сега добиени 74 пратенички мандати“. Тој за попладнево најави прослава на плоштадот „Скендербег“ во Тирана, ги повика сите на, она што тој го нарекува, прегратка на победата и постира фотографија на која е со широка насмевка.

„Денеска во 18.00 часот, на плоштадот Скендербег, шампионскиот тим на покровители, координатори, раководители, пратенци и кој сака да ни се придружи за да ја прегрнеме победата ПС 12. Победа. Шампиони“, пишува Рама.

Десната коалиција „ПД-Алијанса за промени“, предводена од демократите на Љуљзим Баша има 59 што е 18 пратеник мандати повеќе од мнатите збори.

Најголемо разочарување е Движењето за социјалистичка интеграција, на Моника Круемади, 4 пратенички места, која на мнатите збор имаше 20 мандати, додека најголемо изненадување е Социјалдемократската партија на Том Доши, која има три пратенички мандати.

Во Изборната единица на округот Корча каде штово трка за пратенички мандати беа лидерот на Макдонска алијанса за европска интеграцја, Васил Стерјовски, Социјалистичката партија, на чија листа беше тој, освои шест пратенички мандати. Инаку, Централната изборна комисија најави дека официјалните резултати може да се очекуваат доцна попладнево.