Руски разузнавачки авион во Сирија откри Израелски сателит

Сателит на израелската компанија ImageSat International откри во воздухопловната база во сириска Латакија најмалку еден руски авион-радар А-50, соопштуваат медиумите. Началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС на Русија Сергеј Рудској, кој на крајот на април соопшти за распоредувањето во Сирија на управувачки систем со повеќе нивоа, кој и овозможува на Русија да го контролира целиот воздушен простор на Сирија.

Во јануари минатата година беше потврдено дека авионот А-50 може да се примени во Сирија и беше прецизирано дека леталото е способно да открива објекти во воздух на растојание до 650 километри, а на копно – до 300 километри. Во март оваа година Министерството за одбрана на Русија најави почеток на испитувањата на авионот за разузнавање А-100 „Премиер“