Рускиот амбасадор во ЕУ: Русија би можела да и понуди алтернатива на Македонија

Рускиот амбасадор во ЕУ Влаимир Чижов изјави дека неговата земја би можела да понуди алтернатива за Македонија, Западен Балкан и било која друга земја, бидејќи „секогаш постои алтернатиа на евроатлантските интеграции“ Запрашан во разговор со одбрани новинари за тоа какво е влијанието на Русија во Македонија, во однос на влијанието на Западот, кое вклучува и финансирање од ЕУ, Чижов во средата истакнал дека евроатлантската стратегија на Македонија се соочува со одредени потешкотии, неврзани за актуелната криза.

Што би можела да понуди Русија? Секако, секогаш постои алтернатива на евроатлантската интеграција, како што некои земји размислуваат, другите бираат спротивно. Но секако, нема да кажам дека евроатлантскиот пат е единствен кој е достапен на земјите на Балканот или било кои други – рекол тој. Како што пренесува бриселскиот портал Еуроактив, Чижов нагласува дека Москва, „за разлика од САД и ЕУ, не се меша во политичката криза во Македонија“. Веруваме дека крајната цел е да се сочува Македонија како единствена земја, да се сочува нејзиниот Устав и да се овозможи на политичите сили да се договорат за тоа како е продолжат понатаму – вели Чижов.

Тој повторува дека тој лично смета дека веројатно би требало да се одржи нов круг на избори во Македонија. Зборувајќи за изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, Чижов оценува дека тоа претставува „јасно кршење“ на правилата на македонскиот парламент и постоечките закони.

Од друга страна, Чижов испратил пофални зборови за македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, кој под притисок на Западот да го даде мандатот за формирањена влада од страна на СДСМ и Зоран Заев, за непоколебливоста во заштитата на уставниот поредок на земјата.

Кога тоа ќе се случи, секако, на нив е да одлучат – рекол Чижов додавајќи дек „не може да се направи излез од политичката криза преку уништување на столбовите на земјата“. Видовме многу вакви примери на други места во претходните години, на многу – рекол Чижов додавајќи, низ насмевка дека „Балканот е заразна болест“.

Се осврнал и на „тиранската платформа“ наведувајќи дека таа оди многу подалеку од Охридскиот договор од 2001, со кој е окончан вооружениот судир помеѓу албанските терористички сили и Македонските безбедносни сили и се поставени темели за подобрување на правата на етничките Албанци. Според неговите зборови, таа платформа е спротивна на уставниот поредок во Македонија, што по негово мислење, може да и штети на земјата имајќи ја во предвид моменталната ситуација во која се наоѓа.

Advertisement