
Се зголемува бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Најновата бројка е 30 мртви. Најкритичната точка е во Драч, поточно куќата која се урна врз главите на деветчлено семејство, меѓу нив и две двегодишни близначиња. Неуморно работат македонските заедно со италијанските пожарникари, во обид да ги извадат телата на преостанатите седум затрупани. Двајца од ова семејство беа извлечени синоќа.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden