Сеизмичката активност во Албанија полека се смирува

Сеизмичката активност во Албанија полека се смирува. Сизмологот, Едмонд Нуши, во земјата 26 ноември се регистрирани над илјада земјотреси, но дека нивната магнитуда полека се смирува.

Зоната каде што се одвива сеизмичката активност е многу блиску до Тирана, така што овие настани кои го поминуваат прагот се чуствуваат од страна на граѓаните и поради тоа создаваат паника. Во целина, сеизмичката активност се намалува. И магнитудите кои што сега се регистрираат се помали –  изјавил тој за „Ора Њуз“.

Во меѓувреме, министерката за одбрана, Олта Џачка ги повика жителите чии домови се оштетени да не престојуваат таму додека не се изрши проценка на материјалната штета.

Ако вашиот дом е општетен, не изигравајте експерт, не ризикувајте го вашиот живот и на вашето семјество. Тргнете се, одете во местата кои се направени за сместување во Тирана, Лежа, Шенѓин, Берат, или кај некој од вашите најблиски, но тргнете се додека не се направи проценска – изјави Џачка. Таа потенцирала дека според првичните проценки, над четири илјади жители не можат да се вратат во своите домови.

Advertisement