Снимка на која се гледа силата на земјотресот во Драч (Видео)

Албанија денеска во 3:55 часот наутро ја погоди силен земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер, што е еден од најсилните потреси во последните 30 години во оваа земја.

Меѓу бројните снимки една посебно се издвојува зошто потврдува колку животните може да претчуствуваат опасност. Само неколку секунди пред да почне да се тресе целата зграда во албанското летувалиште Шенѓин, куче кое спиеле под тераса со молскавична брзина побегнало.

Да потсетиме, најмалку 15 лица загинаа, а стотици се повредени во два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 6,5 степени по Рихер.