Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Македон” оствари средба со претседателот на Република Македонија Иванов

 

Вчера делегација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и секретријатот на Петтата светска средба на децата бегалци оствари средба со претседателот на Република Македонија проф.д-р Ѓорге Иванов. Делегацијата го запозна на претседателот на Републиката со подготовките за Петтата светска средба на децата бегалци што ќе се одржи на 30 јуни и 1 и 2 јули годинава и во таа прилика му предаде Програма. Делегацијата му ја пренесе на претседателот на Републиката загриженоста поради најава за организација на паралелна Петта светска средба на децата бегалци под покровителство на премиерот, без согласност на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН. Делегацијата изрази подготвеност за надминување на недоразбирањата и упати јавен повик сите да се приклучат кон Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН.

Се надеваме дека Петтата светска средба на децата бегалци ќе ја одбележиме достојно, прокламирајќи мир и љубов, било да не се повтори, – рече претседателот на Одборот на Петтата светска средба на децата бегалци, ликовниот сликар Коле Манев. Додека сме живи ние, жртвите од Граѓанската војна во Грција, откорнати од своите родни огништа како деца бегалци, никој не може да ни ја одземе организацијата на Петтата светска средба на децата бегалци во оваа јубулејна 70 годишнина од голготата во 1948 година, – рече претседателот на Секретаријатот на Петтата светска средба на децата бегалци, Ташко Јованов. Претседателот на Републиката изрази надеж за надминување на недоразбирањата и организирање на една и единствена Петта светска средба на децата бегалци од Граѓанската војна во Грција.

Advertisement