Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со министерот за надворешни работи Никола Попоски оствариле средба со германската канцеларка Ангела Меркел на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта, дознава Press24 од добро упатени извори. Според информации на порталот, на средбата заедно со Меркел биле и претседателот на Комитетот за надворешни работ во европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.
На средбата, како што дознава Press24 претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и ЕУ. Според информациите, двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за можните опции за понатаму.