Средба Коѕијас-Бушати во Тирана

 

Медиумите пренесуваат дека во разговорите имало напредок околу утврдувањето на морската граница, но не и за прашањето на Чамите во Грција. Дел на медиумите нагласуваат дека грчкиот министер одбил да се разговара околу прашањето за Чамите сметајќи го тоа прашање како провокација. Во своето електронско издание весникот „Мапо“ пренесува изјава на лидеерот на партијата на Чамите во Албанија, Партијата за правда и единиство, Шпетим Идризи, во која тој истакнува дека грчкиот министер се заканил дека ќе ја напушти средбата ако се преговара за прашањето околу Чамите. Според Идризи, Албанците нема да се откажат од ова прашање.

Во официјално соопштение на албанското министерство за Европа и надворешни работи се нагласува дека има напредок во преговорите по јануарската средба на двајцата министри во албанскиот град Корча околу отворените прашања и дека на дневен ред биле отворените прашања помеѓу двете држави. Двајцата министри постигнале согласност и околу понатамошните активности, а воедно разговарале и околу финализацијата на документот за Стратешко партнерство на Албанија и Грција.

Advertisement