Средба помеѓу Државниот секретар Виктор Димовски и новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Македонија со седиште во Белград

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада за Република Македонија, со седиште во Белград, Кетлин Чаба.

Димовски најнапред ѝ посака добредојде во нашата држава, како и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи очекување дека позитивниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји успешно ќе се продлабочат и за време на нејзиниот мандат.Димовски најнапред ѝ посака добредојде во нашата држава, како и успех во вршењето на функцијата, изразувајќи очекување дека позитивниот развоен тренд на односите меѓу двете пријателски земји успешно ќе се продлабочат и за време на нејзиниот мандат.

На средбата, соговорниците изразија задоволство од динамиката со која се развиваат севкупните односи и билатералниот политички дијалог помеѓу Република Македонија и Канада, како и потребата за натамошно продлабочување на соработката, особено во доменот на економската соработка. Димовски ги нагласи силната посветеност и заложбите на Владата за што поскоро остварување на полноправно членство на Република Македонија во НАТО. Во тој контекст, тој истакна дека јакнењето на институциите, владеење на правото, промоција на културата на дијалог и компромис се нашите аргументи за забрзана евроатлантска интеграција на нашата држава како модерна европска демократија.

На средбата стана збор и за одличната соработка меѓу двете земји на мултилатерален план, како и за унапредување на договорната рамка во повеќе области од заеднички интерес.