
Изјавата на премиер Еди Рама, за заеднички претседател на Албанија и на Косово, за Европската комсија е несоодветна. Ставот на ЕК го изнесе портпаролката Кетрин Реј, наведувајќи дека изјавите што може да се толкуваат како политичко мешање во соседните земји не помогаат во градењето на добрососедски односи. “ЕУ очекува да продолжи изградбата на конструктивни и кооперативни односи низ целиот регион. ЕУ продолжи да ги поддржува принципите на помирување и соработка во овој регион,” истакна Реј.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden