
Лидерот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски и Ефтим Митревски, оствариа работна средба со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска. На средбата се разговара за продлабочување на соработката помеѓу двете општини и искористување на европските фондови за прекугранична соработка. Во рамки на прекуграничната соработка, ИПА 2, меѓу општина Пустец и Битола во тек е реализиацијата на проектот (SMART CUL TOUR) каде старата, училишна зграда во Глобочени, општина Пустец, каде се школувал големиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе, ќе прерасне во музеј.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden