Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, кој е во трка за нов пратенчки мандат, деновиве има интензивни средби со Македонците во округот Корча. Тој, заедно со градоначалникот на општина Девол, Едуарт Дуро, ги посетија Македонците во село Врбник, кое административно потпаѓа под општина Девол.
Разговаравме за секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на ова македонско егејско село во Албанија и побаравме поддршка за парламентарните избори. Жителите ми се заблагодарија што сум првиот пратеник кој што во албанското Собрание имам зборувано за проблемите на Врбник и ја изразија нивната поддршка да продолжам да бидам гласот на Македонците во албанското Собрание, објави Стерјовски на Фејсбук, каде постира и видео-запис каде заедно пеат изворна македонска песна од овој крај.
Еден од луѓето кои секогаш го кревале својот глас за својата заедница е Васил Стерјовски.Тој повторно се кандидира на изборите на 25 април, 12-ти на листата кандидати за пратеници на Социјалистичката партија, оценува, меѓу другото Корча 24. Стерјовски е на кандидатската листа на Социјалистичката партија за округот Корча, каде го доби и првиот мандат.
https://www.facebook.com/vasil.sterjovski/videos/10221694197677740