Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски освари средба со Кимет Фетаху со еден од првите активисти на Македонците во Албанија со потекло од областа на Голо Брдо и претседател на Македонско политичко друштво “МИР”.
“Секогаш се вистинско задоволство средбите со проф. д-р Кимет Фетаху, активист за правата на Македонците во Албанија со потекло од областа на Голо Брдо, кој има дадено голем придонес за афирмација на Македонците во Албанија”- напиша на својот профил на Фејсбук претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
