Стерјовски поденсе до Собранието барање за интерпелација со премиерот Еди Рама, за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец

Пратеникот на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, Васил Стерјовски денеска поденсе до Собранието барање за интерпелација со премиерот Еди Рама, за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец.
Врз основа на член 96 од Деловникот за работа на Собранието, го поднесувам барањето за интерпелација со премиерот г-дин Еди Рама за да даде објаснувања во врска со проблемите на сопственоста и процесот на легализација во општина Пустец. Општина Пустец е единствената општина во Република Албанија каде ниту еден објект изграден без одобрение не е легализиран како пред 1991 година така и по ова година.
Веќе 30 години на жителите на македонската заедница во Општина Пустец им е ускратено правото да ги легализираат објектите, иако во споредба со другите општини тука, бројот на дивоградби е многукратно помал. Во 95% од случаите, изградените објекти се на земјиште на лицата кои граделе без одобрение и не претставуваа никаков проблем Државната агенција за катастар да го започне и заврши целиот процес на легализација, чии сопственици поднеле барања за легализација со потребна документација.
а) Како се одвива состојбата со дивоградбите во Општина Пустец и зошто не е започната постапката за легализација во Општина Пустец од страна на Државната агенција за катастар?
б) Кога се размислува да се започне со процесот на легализација на дивоградбите во Општина Пустец?
Друг проблем за Општина Пустец е што државното земјиште што според законот припаѓа на Општина Пустец нема имотен лист и општината губи приходи од тоа што не може да го издава под закуп.
а) Како е состојбата со државното земјиште во сопственост на Општина Пустец и зошто ова земјиште нема имотен лист?
Исто така, жителите на Општина Пустец, сопственици на земјоделското земјиште кое го поседуваат врз основа на законот за распределба на земјиштето, поради недостатоци во документацијата или човечки грешки при неговото стекнување, не успеале да извадат имотни листови. Ова е проблем кој масовно се среќава во Општина Пустец поради грешки, главно при распределба на земјиштето во согласност со законот 7501 и кој сè уште не е решен до денес.
а) Дали Државната агенција за катастар го следи процесот на регистрација на земјоделските земјиште во општината Пустец, распределно според законот 7501 и каква е состојбата?
Advertisement