Стерјовски, и директорот на Водовод и канализација Пустец, на средба со директорот на Национална агенција за водовод и канализација

Пратеникот од единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во албанскиот парламент и претседател на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, со директорот на претпријатието Водовод и канализација Пустец, Александар Никола, оствари работна средба во Тирана со директорот на Национална агенција за водовод и канализација, Алќи Блако. Се разговара за еден од најголемите проблеми со кој се соочуваат Македонците во општина Пустец, немањето на водовод и канализација во повеќето села на општина Пустец. Побаравме негова подршка за инвестирање во водовод и канализација во општина Пустец изјави Стерјовски.

Директорот Блако од негова страна покажа готовност да ја помогни општина Пустец и претријатието Водовот и канализација Пустец доделувајќи фонд за изработка на проекти со кои општина Пустец но и претријатието Водовот и канализација Пустец ќе можат да изготват проекти за водовод и канализација и да аплицираат при Национална агенција за водовод и канализација со цел да можи Национална агенција за водовод и канализација да ги финасира овие проекти.

Advertisement