Стерјовски: Вклучувањето во листата на Социјалистичката партија за нас е вреднување

Лидерот на  единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, гостувајќи во емисија на СОТ7 телевизија, вели дека не е дел од структурите на Социјалистичката партија но оценува дека е „ вреднување вклучувањето во кандидатската листа на оваа партијата за парламентарните избори на 25 април“.

Јас сум претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, ја претставувам македонската заедница и секако е вреднување за нас вклучувањето во листата на Социјалистичката партија. Зошто сум јас со Социјалистичката партија? Тоа е фактот што пред неколку месеци беше одобрен проектот од 4 милиони евра за решавање на проблемот со вода за пиење на жителите од областа на Преспа, кој чекаше на решение со децении. Но, не само тој проект. Сега, Албанскиот фонд за развој преку заем од германската КФВ банка, има планирано уште 10 милиони евра за областа Преспа, изјави Стерјовски.

Додава дека генерално проектот а повзран со санација на руралните патишта, изградба на шеталишта, изградба на патеки за велосипеди и регулирање на јавните плажи.

Со овој фонд верувам дека ќе се трансформира областа Преспа и навистина она што го чекавме триесет години за да се развие туризмот таму, ќе има директно влијание врз економскиот развој и туризмот. Ова се причините и вреднувањето направени од Социјалистичката партија, Владата на премиерот Рама, што направија да денес јас бидам на листата на Социјалистичката партија, посочува тој.

На прашањето на новинарот зошто е на листата на Социјалистичката партија, кога во Парламентот како пратеник постојано правел опозиција главно на владата на премиерот Еди Рама, Стерјовски одговара дека тој посочувал  проблеми и прашања кои ги мачат Македонците, додавакќи дека, кај кого ако не кај актуелната влада да бара решение за нив.

Јас ги покренував загриженостите на жителите кои се насобрани за триесет години. Едноставно, немаше врска само со владата на Рама, затоа што и другите влади не направија нешто, посебно за Преспа.  Во овие две години, јас имам одржано над 50 говори во албанскиот Парламент и повеќето од нив се однесуваа на проблемите со кои се соочува заедницата и барав решенија за овие проблеми. Сега од која влада требаше да побарам решавање на овие проблеми? Нормално дека ќе барав од сегашната влада, одговори Стерјовски.

Триесет и осум годишниот Стерјовски на парламентарните избори на 25 овој месец  ќе се трка за втор пратенички мандат. Се наоѓа на кандидатската листа на Социјалистичката партија за изборна единица Корча, каде го доби и првиот мандат.

Advertisement